Златен медал за РК „Делчево“ од турнирот „Еден живот – една љубов“

Екипата на РК Делчево е шампион на шестото издание на турнирот „Вардар – Еден живот, една љубов“ кој овој викенд се одржа во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Автокоманда во Скопје. Ракометарките од Делчево беа најдобри на турнирот на кој уште учествуваа и екипите на Будимир 1 Вардар, Будимир 2 Вардар, Драчево Вардар, и Седмерец Вардар во женска конкуренција.

Во финалето, РК Делчево ја совлада екипата на РК Будимир 1 Вардар и заслужено го подигна шампионскиот пехар.

Со освојувањето на златниот медал екипата на РК Делчево по кој знае кој пат докажа дека овој клуб е меѓу најдобрите во Македонија и голем расадник на таленти кои веќе се дел од реномирани екипи во повозрасните конкуренции.

Честитки до стручниот штаб и ракометарките кои се надминаа себеси и го обелија образот, како на клубот, така и на градот Делчево.

Доделување на наградите и индивидуалните признанија на турнирот "Еден живот, една љубов"

Posted by Ракометна Академија Вардар/Rakometna Akademija Vardar on Sunday, October 6, 2019

Будимир 1 Вардар – Делчево Вардар, последниот меч во женска категорија го решава и победникот на турнирот во генерацијата 2006/07

Posted by Ракометна Академија Вардар/Rakometna Akademija Vardar on Sunday, October 6, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*