Хуманитарна акција на иселениците во Швајцарија за доизградба на манастирот „Св.Илија“ во село Ѕвегор

Со организирање турнир во петанки (петанк, petanque), иселениците по потекло од делчевски Ѕвегор, во околината на градот Пиду во Швајцарија, продолжуваат со хуманитарните акции за собирање средства, за доизградба на дел од екстериерот кај манастирскиот комплекс ,,Св.Илија” во село Ѕвегор. Како што информираше иселеникот Дејан Новоселски, во акцијата учествуваат иселеници и од сите делови на Швајцарија.

-Потребните средства ќе бидат наменети за изградба на трем, во рамки на манастирскиот комплекс ,,Св.Илија”, кој се наоѓа над над Ѕвегор. На оддржаниот состанок на црковниот одбор, констатиравме дека досега се собрани, само половина од средствата и затоа го организираме овој турнир овде во околината на Пиду во Швајцарија, истакна Новоселски.Очекува, дека останатите средства ќе се соберат до почетокот на идната пролет, кога би започнала и изградбата на тремотво манастирот.

-Апелирам до сите иселеници, активно да се вклучат во акцијата за собирање средства, со што манастирот за наредното големо празнување, во ново руво ќе ги дочека верниците, кои ќе присуствуваат на одбележувањето на празникот, посветен на светиот пророк Илија, додаде Новоселски.

Манастирот ,,Свети Илија” во село Ѕвегор е изградена на 2 август 1991 година, а осветена на 15 септември истата година од страна на тогашниот Митрополит Брегалнички г.Стефан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*