Сениорите на ФК „Брегалница“ Делчево денес со пресврт и резултат 4:2, беа подобри од екипата на ФК „Малеш“ од Берово во рамки на 4 коло во Третата фудбалска лига – Југ.
Делчевци беа подобар противник од тимот од Берово кој на полувреме имаше водство од 1:2, откако Брегалница прва го отвори натпреварот со голот на Бојан Петровски на почетокот на натпреварот.

По овој погодок Брегалница имаше стопостотна шанса за 2:0, но не ја реализираше, па набрзо гостите казнија, најпрвин со ефектен еврогол, а потоа и со уште еден брз погодок за водство од 1:2 за екипата од Берово, кој беше и резултат постигнат на полувреме.


За пресвртот на Брегалница не се чекаше многу, додека публиката се уште не беше седната на своите столчиња и го очекуваше старот на второто полувреме, со два погодоци набрзина, Брегалница поведе со 3:2, за некаде во средината на второто полувреме, со ефектен погодок, да ја завери победата од 4:2.



Погодоците од натпреварот во продолжение!
Погодоците од натпреварот Брегалница – Малеш кој Делчевци го добија со 4:2
Погодоците од натпреварот Брегалница – Малеш кој Делчевци го добија со 4:2
Posted by delcevo365.mk on Sunday, October 6, 2019
Целиот натпревар на линковите подолу!
Leave a Reply