Заврши маркирањето на првата планинарска трансверзала во Брегалничкиот регион

Планинарско-спортски клуб Голак од Делчево ги постави патоказите од село Градец до врв Лисец, кој се наоѓа на 1754 метри надморска висина, кој се наоѓа на планината Плачковица. Со оваа активност, како што соопшти планинарот Љупчо Чучуковски, патеката комплетно е маркирана по Књефелцовата маркација.
 
-Патеката е во должина од 12 километри и е дел од првата планинарска трансверзала во Брегалничкиот регион, која почнува од град Делчево, а завршува во село Градец (Општина Виница) и е со вкупна должина од 63 километри. Ни останува уште сосем малку, за да ја комплетираме целата трансверзала, со што Р.С.Македонија, ќе добие уште една интересена планинарска понуда, соопшти Чучуковски.
 
Додаде дека, ова е прва таква трансверзала во Брегалничкиот регион, на која ќе се надоврзуваат други планинарски патеки.
 
-Со тоа ќе добиеме едно одлично планинарско поврзување, кое и тоа како ќе им помогне на планинарите, во реализација на планинарските маршрути, додаде Чучуковски.
 
Претходно, со поставување планинарски патокази и маркирање на просторот, беше означена и планинарската патека од Делчево до врвовите Чавка и Мала Чавка на планината Голак.
 
Обележувањето на првата планинарска трансверзала во Брегалничкиот регион е одобрена од Министерството за животна средина, а се реализира со финансиски средства од Федерација за планинарство на Северна Македонија и Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

ЗАВРШИ МАРКИРАЊЕТО НА ПРВАТА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

ЗАВРШИ МАРКИРАЊЕТО НА ПРВАТА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

Posted by delcevo365.mk on Monday, October 7, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*