Во Виница продолжи кампањата „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“

Во Виница продолжија активностите од кампањата „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“. Кампањата има за цел, да ги воочи предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот од источниот регион, но и да ги истражи постапувањата на турдовиот инспекторат, во однос на прекршувањето на работничките права. Зоран Биковски, експерт по трудово право, вели дека во изминатите две години, во Виница се регистрирани само 16 претставки по однос на прекршувањето на работничките права, без притоа да има било какви санкции.
 
-Констатиравме исто така дека не постои едукација од трудовиот инспекторат кон самите фирми, а освен тоа во Виница, но и во другите општини, не се издадени прекршочни пријави. Тоа само по себе зборува дека, се уште постојат прекршувања на работничките права по кои не се постапува, а како доказ за тоа, е се поголемиот број работници од Делчево, Берово, Виница, Македонска Каменица и Делчево, кои наместо да го остваруваат своето право на работа, на живот во своето родно место, се принудени да бараат парче леб, на некое друго место кое е наречено туѓина, вели Биковски.
Ваквата состојба, според Биковски, би можела да се реши, доколку се влијае на зголемување на едукацијата на граѓаните за своите права, но и доколку се има поголем слух за потребите на бизнис секторот, преку обезбедување пофер бизнис клима за сите.
 
-За таа цел, забелешките од овие работилници, ќе ги преточиме во полиси-бриф кој ќе го испратиме до Министерството за економија и до Министерство за труд, за да се направи подобар закон за работни односи, сите наши забелешки да бидат предвидени и истовремено граќанинот е тој што ќе одлучува што е тоа што му треба, а бизнис секторот ќе има поволна бизнис клима, ќе може економски да се јакне и ќе биде одговорен правен субјект, кој ќе одговара на потребите на граѓаните на локално ниво, додаде Биковски.
 
Кампањата денес продолжува во Кочани, а во текот на наредните денови ќе се разговара на оваа тема со институциите и бизнис-секторот од Штип. Проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“, го спроведува здужението „Ини“ од Виница во партерство со здружението „Хоуп“ од Македонска Каменица.

Во Виница продолжи серијата работилници како дел од проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“

Во Виница продолжи серијата работилници како дел од проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 8, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*