Во Делчево отворен првиот хотелски и СПА комплекс – Sunrise

Синоќа во Делчево се отвори првиот хотелски и СПА комплекс – Sunrise. Гостите кои присуствуваа на отворањето на Хотел Sunrise, беа срдечно пречекани од сопствениците, Зоран и Бранка Трајановски, кои приредија прекрасен прием, со што и официјално го означија почетокот со работа на хотелот.

Како што информираше рецепционерот Марија Убавелска – Тодоровски, Хотел Sunrise располага со 14 соби, како и СПА центар со џакузи и сауна.

-Имаме стандард, сепериор, апартмани и лукс апартмани. Во хотелот имаме и СПА центар кој е наменет за гостите во хотелот, кој се надеваме дека со тек на времето, ќе можат да го користат и надворешни гости. Ако сакате да испишате една убава бајка од вашиот живот, посетете го Хотел Sunrise, кој се наоѓа на 3 километри од Делчево, во прекрасна природа и пејзаж, хотел во кој ќе добиете врвна услуга и долго ќе го паметите, истакна Убавелска Тодоровски.

Сопственикот на една од најуспешните компании во Македонија Фротирка, Стојне Станков, кој присуствуваше на отворањето, истакна дека Делчево, конечно добива европски објект каков што заслужува.

-Ова е пример за европски објект кој со сите негови содржини, нешто најсовремено. Делчево нема нешто посовремено од ова што го гледаме и во внатрешноста и надворешноста, од спални до сите придружни објекти. На сопствениците има посакуваме долги години да се работи, и генерации и генерации да егзистираат од него, истакна Станков.

Започна со работа Хотел&СПА комплекс Sunrise Делчево

Делчево го доби првиот хотелски и СПА комплекс Sunrise

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, October 9, 2019

Објектот, како што истакнаа сопствениците, се градеше во период од година ипол, со целосна поддршка на стовариште ОКИ ПРОМ.

Од денес до 13 октомври, посетителите веќе имаат екстра можност за првиот поволен аранжман.

Полупансион за двајца со користење на СПА услугите (сауна и џакузи), за празничниот викенд може да го добиете за неодолива цена од 49 евра од ден.

На семејството Трајановски им посакуваме плодна и успешна работа,  а на туристите добар престој во Хотел Sunrise.

Еве дел од атмосферата на синоќеѓното отворање на Хотел&СПА центар Sunrise!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*