Во Делчево одбележан 11 Октомври – Ден на востанието на Македонија

Ден на востанието на македонскиот народ – 11 Октомври, денес во Делчево се одбележа пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот. По повод значајниот датум од македонската историја, свежо цвеќе пред споменикот положија делегација на општина Делчево предводени од градоначалникот Горан Трајковски, претсавници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, претставници на организацијата на резервни офицери како и претставници на здружението на борци и пензионери.
11 октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнатит во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување, вложени во Балканските и во Првата светск војна, истакнаа членовите на КУД „Гоце Делчев“ во рефератот по повод значајниот датум пред присутните.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека со Востанието започнува и борбата за ослободување на македонскиот народ до, конечно остварување на целта -создавање на првата македонска држава.
 
-Патот на првите партизани во тогашните прилики бил трнлив, но идејата која ги водела, нивната непоколебливост и саможртвата, ја креираат вооружената борба која подоцна се проширува на целата територија. Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот ѝ дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. Денот на востанието кој го славиме денеска нѐ обврзува нас, новите генерација да го надградуваме и осовременуваме нашето општество, да ѝ донесеме просперитет на државата, да ја чуваме слободата, демократијата почитувајќи ги човековите права и слободи, рече Трајковски.
 
На седумдесетина од борците кои своите животи во НОВ од Делчево ги дале за слободата на Македонија, имињата се испишани на спомен плочата во центарот на градот.

Одбележување на 11 Октомври – Ден на востанието на Македонија

Posted by delcevo365.mk on Friday, October 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*