Прес конференција на претседателот на СДСМ, Влатко Величковски

По повод 11 Октомври – Ден на востанието на Македонија, прес конференција денес одржа претседателот на СДСМ Делчево, Влатко Величковски. Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата

Почитувани,
 
Со полагање на свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ,го одбележуваме денот на македонското востание,11 октомври. Датум кој потсетува и обврзува и е сведоштво на вековните стремежи,народни страдања и борбата за слободна и независна држава.
 
Денес прославуваме 78 години од почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.
 
11 октомври е ден од македонската историја кој не само што е симбол на македонската борба за слобода,туку е и денот кога е поставен еден од темелите на македонската државност.На тој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание.
 
Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот.Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млади луѓе.Затоа ова наше востание треба да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за Македонската Република.
 
На Споменикот на паднатите борци во нашиот град стојат врежани повеке од 60 имиња на наши сограѓани,од градот,од Луковица,Истевник,Драмче, Ветрен, Тработивиште,Турија,Моштица и скоро од сите села од нашата општина.Нашите предци,нашите дедовци и баби биле храбри,смели,животот го дале за наше поубаво и посветло денес.Затоа денес од срце и искрено им благодариме за храброста,за нашата иднина,за нашата слобода.
 
Нашата историја не мотивира да веруваме во себе и да чекориме напред!
 
Нека ни е честит 11 октомври!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*