Прес на ВМРО ДПМНЕ – Општински комитет Делчево

Пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот денес прес конференција одржа Христина Смилевска од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево. Интегрално го пренесуваме текстот од прес конференцијата

………………………………………………………………………………………………………………………………………………

Почитувани граѓани, од името на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево на сите граѓани им го честитаме празникот 11 октомври и докажувам дека остануваме доследни и истрајни во својата борба.
Почитувани граѓани на Делчево, денеска целото лицемерие на првите луѓе на СДСМ во Делчево излезе на виделина во јавност. Денеска луѓето кои учествуваа во погазувањето на волјата на Македонскиот народ и разнебитувањето на Македонскиот национален идентитет без ни малку срам и доблест се поклонуваа пред споменикот и имињата на паднатите борци од Народно Ослободителната Борба. Борба која беше темел за АСНОМСКА Македонија, чиишто фундаментални вредности истите овие луѓе од СДСМ кои денес се поклонуваа во центарот на Делчево, најнемилосрдно ги погазија.
 
Очигледно е дека во СДСМ се скарани со чистата совест па можеме да бидеме сведоци на вакви трагични сцени на безобразно лицемерие и желба да се биде власт по секоја цена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*