КУД „Н.Ј.Вапцаров“ по трет пат ќе настапи на Балканскиот фолклорен фестивал во Измир

Членовите на Културно-уметничкото друштво „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, ги прават последните подготовки за настап на 14 издание на Балканскиот фолклорен фестивал, кој од 13 до 20 октомври ќе се одржи во Измир, Република Турција. Кристијан Трајановски, кореограф во делчевската фолклорна група, вели дека на гостувањето во Турција заминуваат 16 играорци, кои ќе се претстават со традиционален фолклор од Источниот регион на Македонија.
 
-На фестивалот ќе се претставиме со игри и песни од Пијанечко-малешевскиот регион. Гостувањето во Турција се должи на одличната соработка на Националната установа – Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево и Центарот за култура од градот Измир. На ова патување заминуваат вкупно 16 наши членови, кои очекувам достојно да го претстават овдешниот фолклор, истакна Трајановски.
За играорката Јована Стојановска, да се гостува на вакви реномирани манифестации е повеќе од предизвик.
 
-И порано имам настапувано на овој фестивал, а како играорка во Културно-уметничкото друштво од Делчево членувам веќе осум години. Убаво е да се биде член на една ваква фолклорна група и да се учествува на ваква манифестација, бидејки запознаваш нови познанства ширум светот и имаш можност да посетиш многу држави, истакна Стојановска.
Културно-уметничкото друштво „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, досега трипати има настапувано на фестивалот во Измир, а освен нашите претставници, на фестивалот е најавено учество на фолклорни групи и ансамбли од речиси сите земји од Балканот.

Играорците од КУД „Н.Ј.Вапцаров“ утре заминува за Турција, каде ќе настапи на Балканскиот фолклорен фестивал во Измир

Играорците од КУД „Н.Ј.Вапцаров“ утре заминува за Турција, каде ќе настапи на Балканскиот фолклорен фестивал во Измир

Posted by delcevo365.mk on Saturday, October 12, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*