Злато и бронза за Стаменковски од ,,Street Workout – World Cup 2019″ во Нови Сад

Најуспешниот македонски натпреварувач во пауер-лифтинг, Бошко Стаменковски, со уште еден голем успех се враќа од меѓународните натпреварувања во различни спортски дисциплини во кои настапува. Каменичанецот Стаменковски учествуваше на Светскиот куп во Стрит-Воркаут (Street Workout) во Нови Сад, Р Србија, на кој освои златен и бронзен медал. Златото, како што информира Стаменковски, го освоил во дисциплината правење склекови.
 
-Бев најдобар на натпреварот за правење склекови, додека учествував и во дисциплината правење чучњеви, со 75 килограми сопствена тежина. Постигнатите резултати од тој натпревар ми го донесоа третото место, информира Стаменковски.
Овие медали се плод на макотрпна работа и напорни тренинзи со кои, како што додава, уште еднаш се потврдило старото правило, дека со напорна работа се постигнуваат добри резултати.
 
Настанот во Нови Сад го организираше Европската Стрит-Воркаут асоцијација, а на истиот учествуваа, најдобрите 100 натпреварувачи од неколку земји од Европа и светот.

DIPS SO 48 KG BEZ MEDAL

Posted by Bosko Stamenkovski on Saturday, October 12, 2019

1 PLACE PUSH UPS POWER WORLD STREET WORKOUT CUP

Posted by Bosko Stamenkovski on Saturday, October 12, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*