Со резултат 21.24 пионерките на РК Делчево извојуваа значајна победа на гостувањето кај ЖРК Алушевски-Скопје. Во текот на целиот натпревар се мачеше да се одлепи од противникот и дури во последните минути го скрши отпорот на максимално борбената екипа на ЖРК Алушевски.
Во следното коло на домашен терен делчевки го пречекуваат тимот на ЖРК Вардар, што е одлична покана за љубителите на ракометот кои следниот петок и сабота ќе имаат можност да проследат два возбудливи ракометни дуели.
За точниот термин на натпреварот против Вардар како и натпреварот кој кадетите ќе го одиграат на домашен терен навремено ќе бдиете известени преку нашиот медиум.
Неочекувано тешка победа на нашите пионерки на гостувањето кај ЖРК Алушевски-Скопје.21:24 беше крајниот резултат за…
Posted by RK Delcevo on Thursday, October 10, 2019
Leave a Reply