ФК „Брегалница Делчево“ со убедлив триумф се враќа од Радовиш

По победата на домашен терен против екипата на „Малеш“ од 4:2, сениорите на делечвска Брегалница забележаа нова победа, овој пат во Радовиш каде со убедливи 0:4, беа подобри од фудбалерите на ФК „Раклиш“. 
 
За делчевските сини Бојан Петровски двапати прецизно стрелаше, додека по еден гол постигнаа Борковиќ и голгетерот Дарко Пешовски.
 
Во останатите натпревари „Детонит“ победи во Дојран а „Младост Удово“ на домашен терен беа подобри од „Спартмани“. Овче Поле славеше над екипата на на „Тиверија“ и се израмни по бројот на освоени бодови со струмичани и екипата на „Слога 1934“ која беше слободна во ова коло.
 
Резултати од 5-тото коло:
 
„Дојранско Езеро“ – „Детонит“ 0:1
 
„Младост Удово“ – „Спартмани“ 2:1
 
„Овче Поле“ – „Тиверија“ 2:1
 
„Раклиш“ – „Брегалница сениори“ 0:4
 
„Малеш“ – „Василево“ 0:2

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*