Делчевските училишта подготвени за стартот на грејната сезона

Делчевските воспитно-образовни установи и оваа година подготвено ја дочекуваат грејната сезона, која официјално секоја година започнува на 15 октомври. Во деветолетката „Св.Климент Охридски“, поради ниските утрински температури, како што изјави директорот Горан Димитровски, училиштето започна со загревање на просториите од 5 октомври.
 
-Во централното училиште, греењето е на нафта, додека во подрачните училишта кои потпаѓаат под ООУ „Св.Климент“ Охридски“, загревањето ќе се врши на огревно дрво. Ја имаме набавено потребната количина на огревно дрво во сите подрачни училишта, а дополнително во зависност од потребите, согласно претходно направениот тендер и договор ќе бидат набавено нови количини огревно дрво, изјави Димитровски.
 
Горан Велков, директор на општинското основно училиште „Ванчо Прке“, не очекува проблеми во новата грејна сезона , бидејки и во ова училиште навреме е обезбедено нафта и огревно дрво.
-Имаме склучено договор по тендер за набавка на нафта за загревање на училишните простории во централното училиште, додека во подрачните училишта загревањето е со огревно дрво, кое го имаме набавено по претходен тендер и договор со ЈП Македонски Шуми – Подружница „Голак“, информира Велков.
 
Слична е состојбата и во делчевската гимназија каде според информациите на директорот Љупчо Прачкоски средното училиште, има извршено набавка на потребната количина нафта за тековната грејна сезона.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*