Црковно народен собир кај манастирскиот комплекс „Еленец“ во село Цера

Денес по повод христијанскиот празник “Покров на Пресвета Богородица”, се одржа традиционалниот црковно-народен собир кај манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец“ во село Цера. Верниците и годинава на 14 октомври се собраа кај манастирот кој го носи името „Покров на Пресвета Богородица, празник кој секоја година се слави на овој датум.
 
Овој собир како што велат организаторите, е еден од најстарите и традиционалните во село Цера.
 
-Самиот собир е во организација на црковниот одбор од селото, потпомогнат од Општина Македонска Каменица. И оваа година имавме предвидено богата музичка програма каде присутните на манифестацијата ги забавуваат културно-уметнички друштва и музички групи. Освен тоа за присутните, како и секоја година организиравме црковен ручек, велат од црковниот одбор во село Цера.
 
Легендата за манастирот “Покров на Пресвета Богородица” според зборовите на мештаните од село Цера, датира од римско време.
 
-Постојат податоци уште од римско време, кои велат дека верниците доаѓале местото, каде имало издлабена карпа, и поставено икона пред која се молеле, а карпата стои и ден денес на Еленец каде има света вода за која се верувало дека била лековита. Потоа овде се изградило мало манастирче, веднаш до светата вода, за да во деведесетите години од минатиот век, манастирот се изгради и го добие денешниот лик, велат мештаните.
На средбата заедно со претставници на локалната самоуправа присуствуваше и градоначалничкатана Македонска Каменица, Соња Стаменковска.
 
Денешниот празник освен во каменичко се славеше и кај манастирот „Св.Богородица Балаклија“ во Делчево.

Традиционално и празнично и оваа година …"Покров на Пресвета Богородица" – Манастирско туристички комплекс " Еленец" – С.Цера….😀🎵🎶🎵

Posted by Active Bend on Monday, October 14, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*