Во Делчево се одбележува Неделата за борба против шеќерна болест

Во рамки на одбележувањето на „Неделата за борба против шеќерната болест“, денес Општинската организација на Црвен крст – Делчево, спроведе активности за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок. Целна група на овие активности, како што информираше Ивана Атанасовска од делчевскиот Црвен крст, беа пензионерите од Делчево.
 
-Неделата за борба против шеќерна болест, како Општинска организација ја одбележуваме со едукативни предавања со пензионерите од Делчево. Во рамки на активностите извршивме и мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, превентивни прегледи со кои освен пензионерите, беа опфатени и останати граѓани кои си ја проверија својата здравствена состојба. Сметаме дека пензионерите како граѓани, се најсоодветна популација за информирање околу оваа кампања и затоа се одлучивме, тоа да го направиме со нив, истакна Атанасовска.
Пенизонерот Ленка Таковска, истакна дека вакви прегледи треба да се реализираат почесто.
 
-Оваа акција е за поздравување, бидејки овие прегледи ќе му користат на населението, особено на нас, пензионерите кои нема да мора да одиме за вакви прегледи во делчевската амбуланта. Убаво е овие кации да ги има повеќе пати во текот на годината, вели Таковска.
Активностите за одбележување на оваа кампања како што дополнија од Црвен крст ќе продолжат во текот на целата недела.

Црвен крст – Делчево ја одбележува „Неделата за борба против шеќерна болест“

Црвен крст – Делчево ја одбележува „Неделата за борба против шеќерна болест“

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 15, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*