Геолошкиот профил Ѕвегор прогласен за природна реткост

Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, карактеристичниот геолошки профил – Звегор кој се наоѓа на подрачјето на Општина Делчево, село Звегор, КО Звегор, на 25 септември, е прогласен за природна реткост на Република Македонија.
 
Локалитетот на Карактеристичниот геолошки профил – Звегор се наоѓа на околу 0,5-1 км северно од селото Звегор, во Општина Делчево, КО Звегор на надморска висина од 740-850 метри на источните падини на возвишението „Илин камен“, до патот кој води за граничниот премин со Република Бугарија, односно паралелно со него, зафаќајќи површина од 7,8 хектари.
За Киселичката пештера, за карактеристичниот геолошки профил кај Ѕвегор, како и за локалитетот кај Стамер, каде што се наоѓа палеонтолошката гробница на пикерминска фауна, претходно беа подготвени елаборати за валоризација на природните реткости во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција з аразвој и соработка и Центарот за развој на Источно-планскиот регион, истакна Тони Стоименовски од Општина Делчево.
 
Следниот чекор е заштита на палеонтолошкиот локалитет Стамер, за кој Министерството за животна средина, треба да донесе решение и овој природен раритет во Општина Делчево да биде прогласен за заштитено подрачје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*