Манастирскиот копмплекс „Св.Богородица Балаклија“, веќе низа години наназад е најпосетеното туристичко место во Делчево. Ова го потврдува Љупчо Ристов, домаќин на местото, кој веќе 15 години го одржува комлексот. Вели дека најмногу гости има за викенд, но комплексот е полн и во текот на работните денови.
-Хигиената овде ја одржувам повеќе од 15 години. Се грижам да биде чисто за гостите кои доаѓаат најмногу од Бугарија, од Македонија, но и за туристите од други земји. Секоја ден има гости, но најмногу од странство и најмногу во недела. Овде доаѓаат душа да им одмори, вели Ристов.

-Има и добри луѓе, да не навредам некој, но особено оние кои биле по странство знаат што значи култура. Нашиот менталитет малку е поинаков и има проблеми во однос на хигиената после одредени седенки. Инаку немам забележано некои посериозни инцидентит, околу однесувањето се е во најдобар ред, додава Ристов.
Она што му фали на комплексот се маси и столчиња, за што Ристов, ги замоли надлежните за помош во тој дел.
-Пред некој месец донација имавме од гимназијата во Делчево, која ни донираше неколку клупи и маси, но потребни се повеќе. Оние кои ги имавме веќе се во излитена состојба и мора да се обноват, додава делчевскиот домаќин.
Комплексот „Св.Богородица Балаклија“ се наоѓа на еден километар од Делчево во правец кон планината Голак. Изобилува со убава природа, а во негова близина изграден е манастир, под кој на 50 метри, според верувањата на мештаните, тече лековита вода.
Манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ најпосетено излетничко место во Делчево
Манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ најпосетено излетничко место во Делчево
Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 15, 2019
Leave a Reply