Се оспособува простор за презимување на семејството Воденски од Русиново

Во беровско Русиново во тек е оспособувањето простор за семејството Воденски чија куќа и останат имот изгоре во пожар во утринските часови на 4 октомври оваа година. За Драги Воденски, иселеник во Германија кој е син на Кирил и Велика, најважно е работите да течат брзо, за да можат неговите родители и брат,  да добијат пристојно место за живеење пред претстојната зима.
-После ден два од пожарот, се вратив од Германија, видов до каде се работите, започнавме со расчистување на теренот, почнавме полека да работиме. Сега најважно ни е да приспособиме две соби за живеење. Имаме неколку мајстори, кои работат на оспособување на просторот, но треба поголем ангажман. За нас секоја една помош од хуманите граѓани ќе ни биде добредојдена, вели Воденски.
Хуманоста на граѓаните, како што додава е на задоволително ниво, но ќе биде потребно уште помош, за довршување на работите во брзо време.
-Има неколку фирми со градежни материјали ни излегоа во пресрет, но сеуште не е доволно. Апелирам до кој може, со што може да помогне за да можат моите родители да ја поминат зимата, додава Воденски.
Дополни дека, досега со помош на хуманите граѓани се донирани околу 50 илјади денари, кое ќе бидат наменети за градежни материјали и инсталација на водоводна и елктрична мрежа во објектот.
Во текот на пролетта наредната година, според плановите на Воденски, ќе се започне со изградба на целосно нов објект, кој ќе се наоќа на местото на местото на опожарената куќа. По опожарувањето на тричленото семејство Воденски, од страна на општина Берово им беше доделен објект за привремено сместување во село Владимирово.

Се осопособува просторија за семејството Воденски од село Русиново, кое по пожарот остана без кров над глава

Се осопособува просторија за семејството Воденски од село Русиново, кое по пожарот остана без кров над главаЖиро Сметка за помош: 240217003650133 на име Драги Воденски, УНИБАНКАЖиро сметка за донации од странство Dragi Vodenski IBAN: MK07240217003650133 Universal Investment Bank Skopje (UNIBANK) SWIFT CODE UIBMMK22

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, October 16, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*