Во организација на деветолетката „Св.Климент Охридски“, денес во Делчево се реализираше есенскиот спортско-рекреативен излет, како дел од еднодневната прошетка до манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“.
Настанот се состоеше од пешачење, рекреирање и спортски дел, а како дел од заедничката соработка помеѓу деветолетката и ПСК „Голак“ од Делчево, свој допринос даде и претседателот на клубот, Љупчо Чучуковски.
За учениците, денешниот ден беше прекрасно доживување во природа.
-Јас сум деветто одделение, игрите беа прекрасни, сите деца се забавуваме добивме ,награди, беше интересно, многу забава, игра мсеа и така, истакна ученичката Софија Дончевска.
-Оваа прошетка многу ми се допадна, бидејки имаше вакви игри како теглење со јаже, пукање на балони, а исто така ми се допадна, бидејки беше организиран во природа и беше многу забавно, истакна ученикот Лука Стоименовски.
На еднодневната екскурзија учествуваа над 200 ученици заедно со нивните наставници.
Што за учениците значеше ова доживување и кои се игри имаа можност да ги одиграат со своите наставници и претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, погледнете во видеото во продолжение.
Од денешниот излет на ООУ ,,Св.Климент Охридски" – Делчево
Posted by delcevo365.mk on Thursday, October 17, 2019
Leave a Reply