Можностите за вработување во Амфенол претставени во Делчево

Делчево, 18 октомври 2019 (МИА) – Денес во во просториите на Центарот за вработување во Делчево, се организираше презентација за можностите на компанијата, Амфенол Технолоџи Македонија. Целта на презентацијата, како што информираше Стојанчо Анастасов, од одделот за човечки ресурси на компанијата со седиште во Кочани, е заинтересираните лица, да се запознаат со условите за работа и профилите на работници кои ги нуди оваа компанија.
 
-Моментално Амфенол има најмногу потреба од оператори во производство. Секако тоа не значи дека немаме потреба и за други профили на вработени. Станува збор за техничари за квалитет, техничари за мерење на кабли, исто така за профили на работници со високо образован кадар меѓу кои инженери во техничките области. Секој заинтересиран може да се пријави да аплицира, а оние кои аплицираа од Делчево ќе бидат контактирани од наша страна, рече Анастасов.
 
Анастасов ги отфрли шпекулациите кои кружат меѓу жителите дека наскоро ќе се отвора погон на Амфенол и во Делчево.
 
-Претходниот период до мене пристигнуваа чести прашања, за тоа дали ќе се отвора погон во Делчево. Веднаш да кажам, дека овие апликации се однесуваат за фабриките кои се наоѓаат во Кочани, што всушност беше напоменато на презентацијата. За оние делчевчани, кои ќе добијат зелено светло за работа, ќе биде обезбеден превоз и храна за вработените, додаде Анастасов.
Како што информираше, раководителот на Центарот за вработување – Делчево, на денешната презентација присуствуваа солиден број евидентирани невработени лица од Делчево.
 
-Повикавме 100 евидентирани невработени лица, при што можевте да видите дека заинтересираноста беше голема. Веруваме дека во иднина, соработката ќе ја продолжиме и со други компании. Ги повикуваме и останатите работодавци, кои имаат потреба од вработување на нови работници, да се обратат до Агенцијата за вработување, да им овозможиме средба со невработените лица, на која би можеле да ги истакнат погодностите, кои ги даваат при вработување во нивната компанија и секако ние сме тука да ги даваме услугите за работадавачите, како и за невработените лица, да го најдат своето погодно вработување во општините Делчево и Македонска Каменица, рече Прачкоска.
Во моментот „Амфенол“ е светски лидер во производство на интерконекциски производи наменети за автомобилската индустрија, но и за железница, комуникациска опрема за мобилна телефонија и други индустрии и по бројот на вработувања е еден од најголемите работодавачи во Источна Македонија. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*