Видео: „Овче Поле“ и со играч помалку во Делчево надмоќен против „Брегалница“

Лидерот во Третата фудбалска лига – Југ, екипата на ФК „Овче Поле“ од Свети Николе ја продолжи низата без пораз, откако во Делчево во редовното коло од ова натпреварување, славеше минимална победа од 0:1 над домашната екипа на ФК „Брегалница сениори“.

Домашната екипа уште од воведните минути имаше предност од играч повеќе откако по груб старт, беше исклучен гостински фудбалер. Меѓутоа првото полувреме заврши без голови и се до средината на второт полувреме се играше тврд фудбал со многу прекини и краткотрајни прекршоци.

Меѓу главните моменти кои можеби го одлучија натпреварот беше еден спорен момент во второт полувреме, кога домаќините, при контранапад, имаа одлична акција за водство, но домашниот фудбалер беше спречен буквално пред гостинскиот шеснаесетник, по што беше досуден слободен удар кој заврши без епилог. При оваа шанса стана впечатокот, дали судијата требаше да досуди втор црвен картон за гостите од Св.Николе, бидејки домашниот фудбалер имаше празен простор пред себе, но се чини престрого досудениот прв црвен картон, беше пресуден тоа да не се случи по втор пат.

Набрзо потоа гостите казнија и го постигнаа водечкиот погодок за 0:1, кој се покажа како конечен резултат на натпреварот.

Деталите од денешниот натпревар во продолжение!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*