Тим од СОУ ,,М.М.Брицо” со најкреативен проект на НАТО конкурсот за едукативни проекти

Средното општинско училиште ,,Методи Митевски – Брицо” – Делчево, продолжува да реди успеси на големиот број натпревари на кои учествува.

Последните добри вести за делчевската гимназија доаѓаат од Битола, каде вчера се одржа завршниот настан во рамки на конкурсот за ,,Нато едукативни проекти”. Проектот на тимот од СОУ ,,М.М.Брицо, при селекција на најдобрите, беше избран меѓу 20 најдобри проекти кои влегоа во финале, со тоа што нашите претставници ја добија наградата за ,,Најкреативен проект” на тема ,,Ајде да научиме повеќе за НАТО”.

Делчевскиот тим го сочинуваа учениците Магдалена Ивановска, Бојана Симовска, Тамара Тричковска и Гоце Аџиски, под менторство на професор Билјана Ивановска.

Освен оваа награда, како дел од конкурсот на тема ,,Нато едукативни проекти”, ученичката Магдалена Ивановска го освои првото место за најдобар есеј.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*