Прво место за Стаменковски на „Трофеј Белград 2019“

Нов меѓународен настап и повторно голем успех со освоено прво место на пауер-лифтерот Бошко Стаменковски. Во силна конкуренција на „Трофеј Београд“, каменичанецот во Бенч прес класик, во категоријата под 74 килограми М1, успеа да биде најдобар во својата конкуренција, со освоено прво место, со што ја продолжи низата на успеси и доминација во овој спорт. Освен ова, како што информираше најдобриот македонски претставник во овој спорт, тој беше прогласен и за најдобар ветеран.
 
-Овој медал и награди само се надоврзуваат на неколкуте претходно освоени на разните натпревари на кои учествувам. Конкретно последниот добар резултат го постигнав во прилично силна конкуренција, но добрата форма која ме следи во текот на цела година беше пресудна и на „Трофеј Белград 2019“, да го освојам првото место во Бенч-прес класик. Имајки ја предвид мојата возраст, од страна на организаторот бев прогласен и за најдобар ветеран, истакна Стаменковски.
 
Бошко Стаменковски е натпреварувач, кој со овој спорт запона да се занимава по 40-тата година од животот. Во досегашниот дел од својата спортска кариера има освоено голем број европски и светски медали во Пауер-лифтинг во дисциплината бенч-прес, а неретко освојува медали и во останати спортски дисциплини, кои малку и се познати на овдешната спортска јавност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*