Апел за хуманост: Да му помогнеме на наставникот Љупчо Бојановиќ

Љупчо Бојановиќ, наставник по професија, 58 год. од с. Звегор – Делчево, боледува од ALS- “Амиотрофична Латерална Склероза”, позната како “Болест на Лу Гериг” или “Болест на Стивен Хокинг”. Болеста е летална со прогресивна парализа до тотална загуба на секакви движечки функции и на крај парализа на дишната мускулатура – причината за летален исход кај заболените. Сеуште нема откриено лек за ова заболување. Потребни се средства за третман со матични клетки, процедура која го забавува прогресот на заболувањето и одложување на целосната парализа, со што би му се овозможило на Љупчо достоинствен пензионерски живот и самостојно обавување на најосновните секојдневни обврски. Медицинската процедура изнесува 25.000 евра и ќе биде извршена во Москва – Русија, доколку бидат соберени средствата. Благодарност до сите хумани луѓе, кои би одвоиле за да допринесат за овозможување на ова лекување.

„Добриот наставник е како свеќа – се троши самиот себе за да го осветли патот на другите.“

Да му вратиме на добриот човек со добро.

Телефонски број за донации преку мрежата на A1(ВИП): 143-462,

Денарска сметка: 240167002098087

Жиро сметка:

IBAN MK07240167002098087 SWIFT UIBMMK22 Унибанка, Љупчо Бојановиќ

Директни донации на линкот ТУКА!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*