Спортски викенд во Делчево

Кошарка и ракомет се спортовите кои делчевчани како понуда ги имаат денес и утре во спортската сала ,,Методи Митевски – Брицо” во Делчево.

Спортската понуда започнува денес (26.10.2019) и тоа со првиот настап во новата сезона на женскиот прволигаш ,,Клубски Патриот”. Кошаркарките од Делчево со почеток од 14 часот силите ќе ги одмерат со екипата на Шкупи, додека свој натпревар, потоа ќе одиграат и кошаркарките во У-16 категоријата за кадети.

-Со добрите подготовки кои ги имавме како преку одигрување пријателски натпревари, така и преку редовните тренинзи, очекуваме добра кошаркарска претстава од страна на нашата екипа. Ова ќе биде натпревар во кој ќе ги видиме своите можности и ќе знаеме како понатаму ќе се движат работите во однос на поставата на екипата, истакна тренерот Љупчо Петровски.

Освен кошарка викендов се игра и дерби натпреварот во женски пионерски ракомет помеѓу екипите на РК ,,Делчево” и РК ,,Вардар” Скопје. И двете екипи имаа успешен старт во првите кола, што е добра најава за врвен ракомет оваа недела (27.10.2019) кога од 17 часот силите ќе ги одмерат двете екипи.

Во недела исто така со почеток од 10 часот, екипата на РК ,,Брегалница плус” е домаќин на традиционалниот куп на Ракометната академија ,,КЛ7″, куп на кој е најавено учество на 4 екипи, Облешево, Богданци, Св.Николе и Делчево.

Се на ‘се, одлична спортска понуда за љубителите на спортот кои ќе уживаат во настапите на своите миленици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*