Караванот на ракометната академија „КЛ7“ денес во Делчево

Ракометниот клуб „Брегалница плус“ од Делчево, денес беше домаќин на ракометниот куп за екипи од Источниот регион, кои тренираат во рамки на Ракометната академија „КЛ7“.Како што информираше Драган Пешовски, тренер на екипата од Делчево, на турнирот учествуваа четири ракометни екипи со околу 100 ракометари.
 
-Со денешните први натпревари, започнува ракометниот караван на акадмијата „КЛ7“. Освен нашата екипа „Брегалница плус“, денес овде се и екипите од Облешево, Свети Николе и Богданци, екипи од источниот регион со кои имаме прекрасна дружба. Покрај натпреварувачкиот дел, турнирот ќе биде одлична можност младите ракометари да се запознаат меѓу себе, но и да стекнат нови искуства од своите врсници, информира Пешовски.
За домашната ракометарка Глорија Димитровска, денешниот Куп натпревар е одлична можност да се видат можностите на екипата, пред претстојните натпревари во кадетска конкуренција, кои започнуваат во ноември.
 
-Тренирам ракомет веќе 7 години и за мене ракометот значи дружба, игра и екипна работа. Наскоро ни почнуваат натпреварите во кадетска лига, од кои се надеваме на повеќе успеси оваа година, истакна Димитровска.
Дружбата помеѓу ракометарите е најважна и за младиот Мартин Пешовски.
-Денеска на овој турнир има деца од Свети Николе, Облешево и Богданци. Тренирам 4 години и денеска поентата е да се дружиме сите деца и да бидеме заедно, истакна Пешовски.
Ракометниот караван во наредниот период како што информираа организаторите ќе продолжи и во останатите градови каде функционираат екипи како дел од Ракометната Академија „КЛ‘7“.

Ракометниот караван „КЛ7“ денес во Делчево

Ракометниот караван „КЛ7“ денес во Делчево

تم النشر بواسطة ‏‎delcevo365.mk‎‏ في الأحد، ٢٧ أكتوبر ٢٠١٩

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*