Македонските пријатели од Измир со донација за делчевските ученици

Здружението Македонско-турско пријателство во соработка со Црвената полумесечина на градот Измир, Турција, за ученици од Делчево кои живеат во социјален ризик додели донација од училишна опрема и облека.

Станува збор за донација која се состои од училишен прибор, јакни и друга облека и е распоредена во Општинското основно училиште „Ванчо Прке“, како и во Подрачното училиште „Св. Климент Охридски“ во село Град.

Донирањето средства е редовна активност во земјава на Здружението Македонско-турско пријателство, но за прв пат во хуманата агенда е ставено и Делчево, како резултат на добрите пријателски односи меѓу Делчево и Измир.

Оваа хумана активност се реализира по повод прославата на 96-годишнината од одбележувањето на Денот на Република Турција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*