Се врши есенско поткастрување на липите во градскиот парк

Рано утрово екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“ Делчево извршија поткастрување на липите во близина на паркот „Езерце“. Како што соопшти одговорното лице за паркови и зеленило Розета Цонева,  станува збор за поткастрување на дрвјата поради сушење.

-Ова е редовна активност на екипите на ЈПКД „Брегалница“ за одржување на јавните површини и парковите во градот под наша надлежност. Се работи за интервенција на поткастрување на дрвјата од родот на липи, кои поради исушување, постоеше можност целосно да бидат уништени.

За таа цел презедовме акција за нивна заштита, со тоа што истите ги поткастривме, се со цел напролет да може да бидат оформени нивните крошни и тие да бидат уште поубави од што се сега. Слична активност претходно направивме на липите во дворот на комуналното претпријатие, кои по поткаструвањето прераснаа во вистински украс на претпијатието, истакна Цоневска.

Како што додаде Цоневска, ваквата активност ќе продолжи и на останатите јавни површини кои се под надлежност на претпријатието, а каде постои опасност за исушување на дрвјата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*