Температурите од недела повторно над 20 степени

Октомври го одбележаа температури над просекот за ова доба од годината со прилично ведро небо во текот на целиот месец.
 
Слично време метеоролозите најавуваат и во неомври и тоа веќе од понеделник.
 
Во сабота утрото ќе биде ладно, со температури од нула до шест степени. Во текот на денот ќе биде потопло, така што температурата ќе се искачи на 18 степени.
 
Од недела ќе биде се потопло, па се најавуваат температури од 20 и повеќе степени.
 
Во понеделник максималната температура ќе биде 22, додека во вторник 25 степени.
 
Првите 10 дена од ноември ќе го одбележат и чести наоблачувања, со краткотраен дожд и повремен јак југо-источен ветар.
 
Долгорочната прогноза вели дека снег може да се очекува дури после 20 ноември
 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*