Величковски: Инвестираме во развој на образованието и културата

На тема инвестиции во образованието, културата и градење на партнерство со невладиниот сектор и граѓанските здруженија денес прес конференција одржа претседателот на СДСМ Делчево, Влатко Величковски.
Видеото и текстот во продолжение:

Почитувани сограѓани
 
Колку што се важни инфраструктурните проекти и решавањето на комуналните проблеми, подеднакво важни се инвеститиците и развојот на образованието, културата и градење на партнерство со невладиниот сектор и граѓанските здруженија.
 
И на ова поле, во изминатите 2 години се работеше напорно и се постигнаа значителни резултати. Како и секаде, претходните власти на ДПМНЕ и овде ни оставија долгови. Веднаш по превземањето на локалната власт, беа исплатени сите заостанати ученички стипендии. Оваа година се исплатени над 450 илјади денари за оваа намена, а за учебната 2019-2020 го зголемивме бројот на ученички стипендии за дополнителни 6 стипендии во споредба со лани. Дополнително во буџетот за наредната година ќе се предвидат средства за уште една социјална мерка. Мерката ќе биде подршка за родителите на сите првачиња кои ќе се запишат во делчевските основни училишта кои на почетокот на школската година ќе добиваат еднократна парична помош во износ од 3.000 денари.
 
Организирани се два семинари по роботика, каде учество зедоа околу 400 средношколци, но и за прв пат светската организација „Џуниор ачивмент Македонија“ во Делчево го одржа Иновативниот камп што е, всушност, и прв ваков семинар, одржан воопшто во Источна Македонија, каде со иновативни претприемнички идеи се натпреваруваа 100 средношколци од 20 средношколски центри.
 
Со домаќинско работење, направени се и значајни инвестиции во училиштата.
 
Делчевската гимназија СОУ „М.М.Брицо“ доби енергетско ефикасна фасада со што сега се штеди енергија и до 30%. Средствата во висина од 1,8 милиони денари се сопствени средства на училиштето, а подготвен е и кабинет за изведување практична настава по хасап- систем за потребите на  хемиско – технолошката струка во училиштето.
 
Во ООУ „Ванчо Прке“ се изгради дворната ограда со која се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на училиштето. Инвестицијата е вредна 550.000 денари, средствата се обезбедени од буџетот на училиштето.
Се инвестираше и се подобрија условите за работа и во детската градинка “Весели Цветови”. Извршена е комплетна реконструкција на кујната и на одводната канализација со што е целосно решен проблемот со дотраената канализација. Како приоритет, кога е детското згрижување во прашање, останува да се реализираат проектите за доизградба на нови занимални со цел сите деца во Делчево да се примат и згрижуваат во оваа установа, како и проектот за отворање градинка во Разловци.
 
Културата како збор на материјалните и духовни вредности и најстара човечка одлика, доживеа своевидна ренесанса последните 2 години во Делчево. Организирани се неколку концерти и тоа од повеќе жанрови, изложби и промоции, саем на книги, научна трибина.
Во Делчево свој концерт имаше Камерната опера од Благоевград со познатиот диригент Христо Христов, потоа концерт на квартетот „Вива стрингс“, за потоа делчевчани да ги слушнат серенадите на Градскиот хор од Штип. На сцената во Делчево настапи и познатиот македонски тенор Влатко Груевски во придружба на Андреј Наунов.
 
Имавме одлични изложби за паметење. Изложби кои беа отворени во Делчево, како историската изложба посветена на „Кирил и Методиј“ од Музејот на град Скопје, потоа историската изложба за Ченто, изложбата од Музејот Теракота во Виница и познатите винички теракоти, изложби во кои беше промовирано творештвото на познатиот ликовен уметник од Париз, Лена Ѓуриќ и локалниот уметник Петар Атанасов-Пепи.
 
А најголем белег оставија организираните концети за Делчевскоо културно лето. Минатата година делчевчани се забавуваа заедно со македонска легенда Игор Џамбазов и бендот Гуру Харе, додека оваа година забавата клуминираше со балкански познатата звезда Даниела Мартиновиќ. Ваков концерт не се памети во историјата на делчевските културни лета и манифестации.
 
Поставено е ново спомен- обележје на планината Голак- паметник за историската воена акција Февруарскиот поход, а во соработката со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ поднесен е проект за конечна санација и реконструкција на спомен-домот посветен на Разловечкото востание, кој со години е оставен на маргините и пропаѓа.
 
За до крајот на годинава отанува да се заврши административната процедура за отворањето на Локалниот музеј „Пијанец“-кој ќе го чува и промовира историското, археолошкото, етнолошкото и палеонтолошкото богатство на Делчево и ќе иницира нови археолошки и палеонтолошки истражувања. Воведена е транспарентна постапка за доделување на финансиски средства на спортските клубови и граѓанските здруженија.
 
Делчевските спортски клубови редовно добиваат финансиска помош од буџетот на општина Делчево, со што помагаме да го покренеме спортскиот дух и активизам на повисоко ниво.
 
Градиме партенерство и со невладиниот сектор. Со подршка на невладините организации изработени се стартешки документи кои веруваме дека ќе го подигнат квалитетот на услугите. Изработена е Стартегија и акциски план за родова еднаквост, а со целосна финансиска поддршка од Општина Делчево се работи на првиот стартешки документ за комуникација со јавноста. Општина Делчево има и Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор и Стратегија за социјална заштита.
Во партнерство со НВО-сектор и ЈЛБ „Илинден“ опремен е и ставен во функција на сите граѓани мултифункционалниот центар кој придонесува за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики. Уреден е и дел од оваа сала и со Одлука на Советот ја направивме културно место каде ќе се склучува граѓански брак, без никаков надоместок.
После скоро две децении за прв пат оваа година се започна со работа за доизградба на верскиот храм св. Кирил и Методиј, кој по својата габаритност и убавина ќе биде украс на градот и најголем и најубав верски објект во регионот.
 
Почитувани сограѓани, изминатие 2 години се сработи многу. Оставените проблеми и долгови на преходниците од ДПМНЕ се санираа и интензивно се работеше на реализација на дадените ветувања и програмските цели. Градоначалникот Трајковски со својот тим и општинската администрација, заедно со Советот на општина Делчево работеше транспарентно, посветено и во интерес на сите граѓани на општина Делчево. За нас приоритет се сите граѓани и во иднина ќе работиме да го направиме Делчево европски град, во кој секој граѓанин ќе биде задоволен.
Делчево е на ПРАВ ПАТ!!!
Благодарам!!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*