Каменичкиот натпреварувач во Бенч-прес, Бошко Стаменковски повторно му донесе нов успех на македонскиот спорт, откако на вчерашниот натпревар ,,Елемир – Војводина Опен” освои два златни медали. Стаменковски златните медали ги освои во М1 и во Опен категоријата под 74 килограми со подигнати 135 килограми.
По успехот во Елемир, Стаменковски заедно со Лазар Захариев од Кочани кој освои еден златен и еден бронзен медал на „Војводина Опен“, доби покана за учество на Куп натпреварот кој на 9-ти декември ќе се одржи во Одеса (Украина).
Кога е Бошко Стаменковски во прашање, тој неодамна стана Светски рекордер во правење склекови, откако во рок од 1 час успеа да направи 2525 склека, што е нов Светски рекорд со кој повторно се позиционираше на пиедесталот во елитната спортска историја.
Leave a Reply