В среда хуманитарна кино-претстава во Делчево

Оваа среда во киносалата во Делчево ќе биде прикажана фантастичната комедија Г-дин Мол и фабриката за чоколадо, филм добитник на многу награди на бројни светски фестивали. 

Настанот Центарот за странски јазици „Мастер“ го организира во соработка со НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ и истиот ќе има хуманитарен карактер.

-Ги покануваме сите заинтересирани во што поголем број заедно да го погледнеме овој филм, а воедно и да ја покажеме хуманоста на дело, со тоа што на самиот влез пред салата ќе има поставено кутија за донации, кои ќе ги намениме за наш сограѓанин на кого итно му се неопходни парични средства за лекување, истакнаа организаторите.

Кино претставата со слободен влез е закажана за в среда со почеток во 17:30 часот.

تم النشر بواسطة ‏‎НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров"-Делчево‎‏ في الاثنين، ٤ نوفمبر ٢٠١٩

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*