Продолжуваат активностите од проектот ,,Социјална отчетност и правно зајакнување”

Невладината организација ,,КХАМ” од Делчево започна со спроведување анкети наменети за припадниците на ромската заедница. Активноста, како што информираа од ,,КХАМ” е дел од проектот ,,Социјална отчетност и правно зајакнување”.
 
-Прашалникот опфаќа прашања со демографски и социо-економски податоци, пристап до здравствените услуги, квалитет на здравствени услуги и дискриминација во здравствената заштита. Исто така со анкетите се утврдува здравствената состојба, услугите кои ги нудат граѓанските организации, почитување на правата на пациентите, а воедно има посебен дел на прашања посветени на здравјето на жените и децата од ромската заедница, соопштија од НВО ,,КХАМ”.
Освен во Делчево, анкетирањето продолжува и со ромското население од Виница и Пехчево.
 
-По завршувањето на активностите во Делчево, анкетните листови во наредниот период ќе бидат пополнети и од страна на Ромите кои живеат во Пехчево, село Црник и Виница. Како активност во склоп на проектот,,Социјална отчетност и правно зајакнување“ очекуваме од добиените одговори да добиеме реален приказ за предизвиците на секое семејство, но и на ромската заедница воопшто во регионот, додадоа од ,,КХАМ” Делчево.
 
Проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување“ е финансиски поддржан од ФООМ, со период на имплементација Јули 2018 – Јуни 2020 година. Меѓу главните цели на проектот е подобрувањето на здравјето на децата, со посебен фокус на одржување на позитивна стапка (95%) на имунизирани ромски деца од 0-15 години во Делчево, Виница и Пехчево како и обезбедување на редовни гинеколошки прегледи за жената ромка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*