Во Делчево се одржа најавениот инфо-ден за користење средства преки мерките од ИПАРД 2 програмата. Инфо-денот имаше меѓуопштински карактер со присуство на земјоделци од Македонска Каменица, како и од населените места од оваа општина и Делчево. Како што информираа од Управувавачкото тело со ИПАРД-фондовите при Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, земјоделците конкретно беа запознаени со јавниот повик за користење ИПАРД-средства за мерката 7: „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“.
-Корисници на мерката 7 од ИПАРД програмата за која јавниот повик е во тек и трае до средината на ноември, можат да бидат физички, правни лица и задруги. Притоа може да се аплицира за алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени и непрехранбени производи и пијалоци, развој на занаетчиски активности, ветеринарна дејност, услуги за руралното население, производство и продажба на енергија од обновливи извори. Ова накратко се приоритетните сектори во рамките на оваа мерка за која висината на финансиската поддршка изнесува 65 % од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијатао, истакнаа од МЗШВ.
Минималната вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект, како што додадоа е 1500 евра, а максималните се 1.500.000 евра.
-Барателите можат да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка, но во рамките на вкупните прифатливи трошоци. Економската оддржливост на инвестицијата барателот ја докажува преку технички предлог проект за инвестиции до 50 000 евра или Деловен план за инвестиции над 50 000 евра, додадоа од МЗШВ.
За самиот настан повеќе во видеата во продолжение:
Leave a Reply