,,Баскет Кам” подобар од ,,Шкупи” во Првата женска кошаркарска лига

Во последниот натпревар од третото коло во првата женска кошаркарска лига, кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица, славеа убедлива победа над екипата на Шкупи со 59:25. Според тренерот на екипата Јордан Цветановски, победата била обезбедена без посериозни напори од страна на домашните кошаркарки.
 
-Сите кошаркарки го дадоа потребниот максумум за оваа победа. Цело време ја имавме контролата во натпреварот и заслужено го добивме Шкупи. Честитки до моите кошаркарки и до гостинките кои одиграа фер натпревар, истакна Цветановски.
Тренерот на Каменичанки, додава дека иако е почеток на сезоната, цел на екипата годинава е полуфинале во првенството и Куп натпреварите.
 
-Што се однесува до прволигашката конкуренција мислам дека имаме тим кој може да стигне до полуфиналните борби и во првенството и во Купот. Најдобри сме во М18 конкуренција каде финалето ни е краен дострел. Во тимот има добра атмосфера, добро се работи, децата тренираат напорни и сметам дека ќе нема никакви проблеми, додава Цветановски.
 
Неодамна ,,Баскет Кам” доби нова опрема, за што од клубот искрено се заблагодарија за поддршката од Рудник Саса и Општина Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*