Отворени часови во природа со најмалите од Делчево

Со реализирање часови на отворено, Детската градинка „Весели Цветови“ од Делчево се вклучи во Глобалната Светска кампања „Outdoor clasroom day“, настан во кој секоја година на светско ниво учествуваат над 3,5 милиони деца. Активностите во рамки на оваа кампања, како што информираше директорката на „Весели Цветови“ Билјана Симовска, се реализираа со поддршка на општина Делчево и Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево.
 
-Денешниот ден 7 ноември, е ден кога на светско ниво се одвива часот на отворено, па така и ние во дворот на градинката реализиравме неколку активности. Часот на отворено се спроведе со децата од 3-5 годишна возраст кои низ игра во природата, учеа за заштитата на природата и за придобивките од чистиот воздух. Со втората активност беа опфатени децата од 5-6 годишна возраст и се организираше во соработка со лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски, кој ги запозна дечињата на тема „Како нашата природа да ја одржиме чиста во својот природен најубав сјај“, истакна Симовска.
Во рамки на отворениот час во природа, планинарот Љупчо Чучуковски подготви неколку едукативни вежби за правилно селектирање на отпадот.
 
-Ги запознавме дечињата со поимот екологија и чиста животна средина, односно на кој начин треба да ја чуваат природата. За таа цел преку едукативни показни вежби им демонстриравме, како треба до собираме отпадот со едукативен натпревар за собирање пластика, истакна Чучуковски.
Како што додадоа од ОЈУДГ „Весели Цветови“ Делчево, вакви активности ќе бидат реализирани минимум еднаш месечно во склоп на програмата на градинка, а следната глобална активност во рамки на оваа кампања ќе се одржи на 20 мај наредната година.
 

Отворен час во природа со најмалите од Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 7 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*