„Со Среќа“ им донесе среќа на Зоки и Даниела од Делчево

Зоки Атанасовски и Даниелка Трајановска од Делчево се добитници на главната добивка од 60 000 денари од инстант лотаријата „Со среќа“.

Добитниот лоз бил подарок за Зоки од неговата баба за роденден.

Мајката на Даниелка практикувала на секој роденден од најблиските да подарува по неколку лоза Со среќа, па така за роденденот на нејзиниот зет му подарила 3 лоза Со среќа од кој едниот го збогатил за 60 000 денари.

Добитниот лоз е купен од среќното продажно место „Вера НБ“ во Делчево, а денес е испалатен од страна на Државна Лотарија на Македонија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*