Спроведена крводарителска акција со средношколците и граѓаните од Делчево

Делчевските крводарители денес повторно ја покажаа својата хуманост на дело во рамки на ноемвриската редовна крводарителска акција која ја организираше Општинската организација на Црвен крст. Акцијата се спроведе во соработка со Инстутутот за трансфузиона медицина од Скопје, чиј претставник Весна Јанева, ги пофали хуманите делчевци за масовниот одзив во рамки на денешната акција.
 
-Денешната акција е комбинирана, во неа учествуваат редовни крводарители, како и средношколци, веќе во просторијата гледаме и жени крводарители. Секогаш во Делчево имаме одличен пречек, крводарителите се исто така одлични, доаѓаат на секои три до четири месеци да даруваат крв, што е за поздравување, рече Јанева.
До крајот на календарската година остануваат уште две акции, кои како што информираше Ивана Атанасовска од Црвен крст Делчево, ќе се реализираат во месец декември.
 
-Станува збор за крводарителски акции кои ќе се одржат во Делчево и Македонска Каменица. Ова нека биде покана до сите кои пропуштија да даруваат крв денес, тоа да го сторат на почетокот на следниот месец, рече Атанасовска.
Според евиденцијата на Општинската организација на Црвен крст Делчево, досега од почетокот на годината, акциониот план за крводарување изнесува 85 проценти, што според Црвен крст Делчево значи дека со последните две акции годишниот план за работа кога е крводарувањето во прашање ќе биде целосно реализиран.

Средношколците и граѓаните даруваа крв во Делчево

Средношколците и граѓаните даруваа крв во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 7 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*