Населба Басарица добива атмосферска и фекална канализација

Во Делчево интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, како што информираа од Општината, се градат 4 крака од фекалната канализација во должина од 2 километри.
 
-Градежните работи ги извршува градежна фирма од Скопје, а истите треба да завршат до крајот на месецот февруари. Средствата за изградба на овој инфраструктурен проект во висина од 6,8 милиони денари се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, соопштија од Општина Делчево.
 
Во населбата Басарица, како што дополнија, во тек е и изградба на атмосферска канализација.
-Екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ работат на поставување инсталации за атмосферска канализација во должина од 1 километар. Досега се завршени 200 метри, со поставување одводни цевки и изградени 7 собирни шахти. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од општинскиот Буџет, додадоа од Општина Делчево.
 
По завршувањето на поставување на атмосферската канализација, според плановите на општината, ќе се продолжи со изградба на планираните улици во населбата во должина од еден километар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*