Во киносалата во Делчево на 11 ноември 2019 година (вторник) ќе се одржи детскиот музички фестивал Пијанечки бисери. Како што информираа од НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево на фестивалот годинава ќе настапат 18 учесници.
-И годинава го организираме познатиот детски фестивал за најмалите за кој веќе се завршени аудициите и е извршена селекција на кандидатите, кои ќе учествуваат на овој фестивал кој е традиционален во општина Делчево. Детскиот фестивал „Пијанечки бисери“ ќе се одржи во вторник, на истиот ќе настапт вкупно 18 учесници, а за најдобрите три изведувачи на композициите кои се по сопствен избор на учесниците, ќе бидат доделени наградии, информираше директотор на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Методи Толевски.
За избор на најдорбите изведувачи ќе биде задолжена жири комисија составена од искусни музичари и вработени кои ја претставуваат музичката дејност при делечвската културна установа.
Во меѓувреме се потсетуваме на Пијанечки бисери 2018!
Leave a Reply