Изложбата „Дијалог“ на Ива Станковска и Ана Трајковска во Делчево

Кобинацијата од две индивидуални дела претставени во едно, на младите уметници Ана Трајковска и Ива Станковска, вечерва беше претставена пред љубителите на уметноста во Делчево, како дел од изложбата насловена „Дијалог“. Како што изјави авторката Ива Станковска, „Дијалог“ претставува рефлексија од две индивидуални дела кои кулминираат во создавање на едно заедничко дело.
 
-Станува збор за една инсталација, комбинација од слика и графика, сликата е од мене Ива Станковска и графика на Ана Трајковска. Со помош на рефлектори, тие се отпечатуваат на платно во средина и создаваат едно ново дело, таканаречен „Дијалог“ помеѓу различни медиуми. Содржи метална инсталација, посебно по нарачка за потребите на ова дело и е фактички светлосна инсталација, бидејки без светло заедничкото дело не би постоело, истакна Станковска.
Изложбата се реализираше во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ од Делчево, чиј директор Методи Толевски, истакна дека истата е дел од проектот „Нов културен бран“.
 
-Се работи за изложба на млади уметници од Скопје кои го искористија просторот во големата сала во фоајето на Спомен дом АСНОМ, за да го прикажат своето ремек дело „Дијалог“. Настанот се реализира како дел од проектот „Нов културен бран“, истакна Толевски.
Како дел од овој проект, под покровителство на Националната установа Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“ изготвен е и каталог со позначајни информации за самото дело. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

Во Делчево отворена изложбата „Дијалог“ од Ана Трајковска/Ива Станковска

Во Делчево отворена изложбата „Дијалог“ од Ана Трајковска/Ива Станковска

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 9 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*