Ноемвриското „лето“ ги раздвижи влекачите во Пијанец

Невообичаено топлото време во ноември ги раздвижи влекачите во Пијанец. Топлото време и потрагата по храна ги натера змиите да излезат од скривалиштата, па така тие деновиве се забележани на неколку локации во Делчевско. Последниот ваков случај е забележан утрово на Граничен премин Делчево, каде змија слободно шетала во близина на зградата на Царинската управа.
 
-Додека го пиевме утринското кафе, забележавме нешто како се движи, мислевме некој гуштер или слично животинче, но кога направивме фотографија видовме дека е змија. Не ја повредивме змијата, туку ја пуштивме подалеку од објектот во блиската шума, велат вработените.
Змија забележана на Граничен премин
Неодамна, мало змијче беше забележано и пред колективна зграда во Делчево.
 
-Беше малку чудно што во ова време од годината гледаме мала змија, но ја фативме истата. Не се разбирам многу од змии, но имаше специфична глава и мислам дека беше отровна, вели жител од улицата „Булевар Македонија“.
Змија предколективна зграда
Појава на змии е забележана на 4 ноември и во селото Разловци. Вработени во подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во просторот на отворено, исто така забележале змија, за која локалните мештани тврделе дека била од сортата белоушка, барска змија која не била отровна.
Змија во село Разловци
Според херпетолозите, во Македонија постојат 16 видови змии, од кои само пет се отровни. Поскокот е директна закана и може да доведе до смртни последици и веднаш треба да се побара помош. Смоковите, кои најчесто ги има низ градот, се безопасни, велат херпетолозите.
 
Иако се случува ретко, сепак лекарите препорачуваат дека кога некој ќе биде каснат од змија, да ја мие раната со вода што е можно повеќе. Повредениот да мирува, да не мрда за да нема циркулација да се шири отровот и најбрзо што може да биде однесен до првата здравствена установа за да прими серум против змиски отров

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*