Се одржа манифестацијата „Пијанечки бисери 2019“

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ вечерва во Делчево се одржа манифестацијата „Пијанечки бисери 2019“. На настанот како што информираше директорот на установата Методи Толевски, учествуваа 14 натпреварувачи при што најдобрите тројца добија награди.
 
-Се работи за детски фестивал кој вечерва во целост ја исполни киносалата во Делчево. Полна сала, значи полно срце и полна душа за учесниците. Ова е еден показател каде треба да го унапредуваме фестивалот, за да биде што подобар и подобар со секоја наредна година. И публиката и жирито вечерва решија за победник да ја прогласат Михаела Начовска со композицијата „Никогаш не вели никогаш“, така што ја користам оваа прилика да и ја честитам победата, истакна Толевски.
Учеството во финалната вечер на овој фестивал, како што додаде Слободан Илиоски од музичката дејност при НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ се филтираше преку претходни аудиции.
 
-Имаше навистина доста големи таленти, од чие изведување на композициите се гледа дека музиката и во иднина ќе им биде она што ќе ги води во животот. Жирито и публиката имаа тешка задача. но сепак мислам дека го одбраа најдоброто за 2019 година, додаде Илиоски.
 
Активностите во делот на културата НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ ги продолжува утре со хуманитарен концерт за помош на наставникот Љупчо Бојановиќ, настан кој ќе се реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст Делчево.

Одржан детскиот музички фестивал „Пијанечки бисери“ 2019

Одржан детскиот музички фестивал „Пијанечки бисери“ 2019

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 12 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*