Караванот граѓански трибини ,,На прав пат” во Делчево

Социјал Демократскиот сојуз на Македонија вечерва во Делчево ја продолжи серијата граѓански трибини насловени ,,На прав пат”. Свој говор на трибината зедоа Министерката за труд и социјална политика и потпретседател на СДСМ, Мила Царовска, членот на централниот одбор на СДСМ, Зоран Китанов и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Јас сум горда што ќе се обратам пред вас и тоа со една цел заеднички исправени на ,,Прав пат” да победиме на изборите на 12 април и да продолжиме да се бориме за поголеми пензии и плати, рече Царовска пред делчевчани.

-Овие денови се боревме за покачување на минималната плата. Сведоци бевме како пратеници закочуваат минимална плата. Единаесет години ја држеа минималната плата под прагот, недостоинствено и неправедно. Најпрвин што направивме ја направивме минималната плата 12 илјади денари, а денес изнесува 14.500 денари. Но растат и сите плати, во образование, во детските градинки, во здравството итн. Дополнително го стабилизиравме пензискиот систем и наместо популистички мерки заштедивме 3,5 мијларди денари за да го стабилизираме. Со тоа од јануари ја зголемуваме пензијата за 700 денари, а понатака и над 800 денари, рече Царовска.

Стечајците на улица ги бараа своите права, но за само две ипол години опфативме 11 илјади стечајци за да остварат право на пензија, додаде Царовска на собирот во Делчево.

-Оваа година ќе ја завршиме со 12 илјади стечајци. ВМРО ДПМНЕ за нивниот мандат реши 4 илјади стечајци, а ние за две години 11 илјади. Имаме 76 млади вклучени во гаранција за млади, многу млади почнуваат свој бизнис. Ако продолжиме по овој пат нашата држава ќе си ја направиме поубаво место за живеење. Затоа ќе се борам за подобар живот на секој еден од нас, додаде Царовска.

Целиот регион е во градежна офанзива, при што најмногу се градеше во Малешевијата, истакна член на централниот одбор на СДСМ Зоран Китанов.

-Кога ми ја доделија функцијата директор на Јавното претпријатие за Државни патишта од Светска банка за малку ќе го земеа кредитот за рехабилитација на патот Кочани – Делчево. За само три месеци откако го презедовме проектот, ете го патот нов и асфалтиран. Тука беа и проблемите со одроните за нивна санација требаше уште 7-8 милиони евра. Замислете како цела Триумфална капија. Но и тоа се реши. Во Малешевијата се завршија многу патишта, Виница – Бигла – Делчево, Делчево – Пехчево, Делчево – Граничен премин. И сето тоа кошташе колку два проекта од Скопје 2014, истакна Китанов.

Велат и шират лаги, викаат готови патишта не ги пуштаме. На сите медиуми го викам претходниот директор да ми каже кои се тие готови што ми ги оставил и јас да кажам што оставил, додаде Китанов.

-Оставија бандери и далноводи на сред пат. Вистината е оваа, по финансиска книга платено и завршено 53 посто од автопатот Миладиновци – Штип, за година и пол 47 посто. Кога некој лаже за нешто без “усул”, не можам да сфатам. Ветувам пролетта и експресниот пат Кочани – Штип ќе биде пуштен. Вашата желба ја знам, да имате експресен пат од Граничен премин Делчево до Кочани. Го имаме во предвид, има елаборат за реализација на таков проект, додаде Китанов.

На трибината делчевскиот градоначалник се осврна на реализираните проекти во изминатите две години

-Има разлика помеѓу црните 11 години кога ВМРО ДПМНЕ ги уништи сите клетки на општеството, но сето тоа го исправивме на Прав пат градејки европски општини. Нема црни кампањи, туку се насочуваме кон сето она што е направено за доброто на граѓаните. Вративме огромни долгови од 60 милиони денари со помош на Владата за да можеме порелаксирано да работиме. Го реконструиравме Булеварот во централното градско подрачје, изградивме Пешачки мост кој ќе ги поврзува жителите од стариот и новиот дел на градот и многу други проекти кои опозицијата не успеа да ги направи, иако имаа два мандата, додаде во завршниот говор делчевскиот градоначалник.

Во својот говор Трајковски набројувајки го сето она што е сработено истакна дека е горд на присутните во салата поради што очекува голема победа на 12 април.

Меќу говорниците на трибината свое излагање имаа и претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски и Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*