Јавната локална библиотека „Илинден“ ја заврши целата процедура околу собирање на документи за новитетот кој ќе стартува од следната година, а предвидува електронско издавање на книгите во библиотеката. Како што изјави директорката Билјана Петровска, електронското издавање книги ќе започне по одобрувањето од Мрежата за библиотечни и информатички системи (COBISS), најдоцна до 1 јануари 2020 година.
-Изјавата е изготвена и веке испратена до библиотечната мрежа во Марибор, секој момент чекаме потврда од таму и веке од 1 јануари наредната година започнуваме со електронско издавање на книгите. Она со што ќе започнеме уште од денес, е тоа што сите наши читатели кога ќе дојдат да земат или вратат книга ќе мора да потпишаат изјава и да се запознаат со новите правила кои ќе важат откако ќе се почне со електронското издавање на книги, рече Петровска.

Јавната локална библиотека „Илинден“ како што додаде во моментот располага со околу 60.000 книги.
-Според последниот попис на библиотеката, за возрасни се вкупно 42.000 книги, од роднокрајни автори околу 700, детска литература имаме околу 10.000 книги и околу 1500книги библиотеката добила како подарок. Од вкупниот број на книги околу 14.000 се обработени и внесени во COBISS, додаде Петровска.
За следната година како што информираа од ЈЛБ „Илинден“ за читателите останува членарината од 150 денари годишно и семејна членарина од 250 денари годишно, можат да се подигнат две книги за единечен број и пет книги за семеен број со рок на враќање петнаесет дена.
Електронско издавање книги од следната година во делчевската библиотека
Електронско издавање книги од следната година во делчевската библиотека
Posted by delcevo365.mk on Friday, 15 November 2019
Leave a Reply