Во Берово започна реконструкцијата на третата ламела на Домот за стари лица „Д-р. Иван Влашки“. Градежните активности кои се во тек, како што информираа од општината се реализирааат во рамките на предвидените активности од областа на Социјалната заштита и грижата за старите лица.
-Ова е барање кое и тоа како е важно за проширувањето на капацитетите на единствената установа од ваков вид на крајниот Исток. Со реконструкцијата на третата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 10 корисници, со што Домот за стари, ќе добие целина со капацитет од 40 корисници, информираа од Општина Берово.

Со реализација на овие активности, како што додадоа им се излегува во пресрет на барателите за користење на услугите кои ги пружа установата.
-Во повеќе наврати имавме информирано дека за користење на услугите на Домот за стари имавме доста барања за згрижување на стари лица. Со ова им излегуваме во пресрет на дел од тие барања, кои со реконструкцијата ќе бидат задоволени, дополнија од Општината.
Реконструкцијата на третата ламела се реализира со средства во износ од 5 милиони 109 илјади денари, од кои дел се обезбедени дел од општинскиот буџет, додека останатите средства од Буџетот на ОЈУСЗСЛ „Д-р Иван Влашки”
Leave a Reply