Во Пехчево презентирани резултатите од проектот „Жалфија – Лек за век“

Во Пехчево денес се одржа инфо средба за презентација на резултатите од проектот „Жалфија – Лек за век“. Проектот го реализира Движењето за околината „Молика Дом“ од Битола во соработка со еколошкото здружение „Кладенец“ од Пехчево. Целта според Петар Андонов од здружението „Молика Дом“ е поттикнување на одгледувањето на жалфија во Малешевскиот регион.
 
-Целта на овој проект е да мотивираме дел од младата популација во двата региона Пелагонсикиот регион и Малешевскиот регион да почнат со одгледување на жалфијата која сметаме дека е една од оние видови ароматични лековити и медицински растенија која може да донесе дополнителен пригход во семејствата. Активностите се спроведуваа со млади од три села во Пелагонискиот регион и три села во Пехчевскиот регион на кои им беше доставено семенски материјал од жалфија, беа засадени одредени површини како расад и во делот на овој период кој следи ќе треба тој расад да се засее на поголеми површини, инфомира Андонов.
Заедничкото гледиште на здруженијата „Молика Дом“ и „Кладенец“ е проектот да продолжи понатаму со вклучување на бизнис секторот.
 
-Бизнис секторот на некој начин би бил наш партнер преку вршење откуп на оваа суровина како прозивод со што идејата би била одржлива. Одржливоста ја планираме на тој начин што ќе создадеме еден вид задруга. која ќе има можност да одреди поголема количина на жалфија и одредена заштитна цена, додаде Андонов.

Проектот финансиски е поддржан од мрежата за рурален развој на Република Македонија во рамки на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки финансиран од We Effect – Шведска.

Презентирани резултатите од проектот „Жалфија – лек за век“

Презентирани резултатите од проектот „Жалфија – лек за век“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 16 November 2019

Во Пехчево се реализира проектот ,,Жалфија лек за век"

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 16 November 2019

Во Пехчево се реализира работилница од проектот ,,Жалфија – лек за век"

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 16 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*