Во пријателски натпревар „Пирин“ Благоевград подобар од ФК „Каменица Саса“

Во пријателска средба одиграна на стадионот Христо Ботев во Благоевград, екипата на „Каменица Саса“ загуби од домашната екипа на Пирин со 2:0. Головите на натпреварот беа постигнати во второто полувреме кога домаќините беа понадмоќни од гостите од М.Каменица. Стрелец на првиот погодок за домашната екипа беше поранешниот играч на Арсенал, Колин Хендерсон кој постигна ефектен погодок од 30-35 метри во 55 минута од натпреварот. Победата ја потврди В’лчанов петнаесет минути пред крај на средбата.
 
Натпреварот стручниот штаб на каменичани го искористи за проверка на формата на неколку млади фудбалери.
 
– Паузата поради настапот на репрезентацијата ја искористивме за одигрување на овој пријателски натпревар на кој им дадовме можност за настап на неколку млади играчи. Задоволни сме од натпреварот. Се играше отворена игра, со многу прилики за гол. Пирин беше силен противник, со многу искусни фудбалери, со огромно меѓународно искуство. Им честитаме на заслужената победа и им благодариме на прекрасниот пречек, истакнаа од стручниот штаб на ФК „Каменица Саса“.
 
Екипите на „Каменица Саса“ и „Пирин’ се натпреваруваат во второлигашката конкуренција, со тоа што екипата од Благоевград од неодамна за спонзор го има гигантот „Emirates“ и е на пат повторно да се врати во прволигашкото друштво во Бугарија. Фк „Каменица Саса“ во моментот во Втората лига – Исток со 16 освоени бодови од 12 одиграни натпревари се наоѓа на 6 место на табелата.
Видео од натпреварот во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*