Преку селекција на отпадот до почиста животна средина во Делчево

Во Делчево се одржа првата работилница од областа на екологијата на која учествуваа претставници на општината, институциите и средното општинско училиште на кој беше презентиран проектот „Селекција на отпад-услов за чиста животна средина“. Како што информираше претставникот на ЕЛС Делчево, Татјана Стојковска, како реализатори на проектот на средбата учениците од делчевската гимназија СОУ „М.М.Брицо“, ги запознаа присутните со добрите страни на селектирањето хартија и пластика.
 
-Целта беше присутните да се запознаат со нивната активност која започнува во училиштето и притоа од нив беше побарано да им се приклучат, со тоа што хартијата што ја собираат во нивната институција да биде предадена во училиштето. Со тоа финансиските средства кои учениците ќе ги соберат преку продажба на хартијата и пластиката ќе бидат наменети за потребите на ученичката заедница, за помош на ученици од социјален ризик и сл. Од друга страна, со оваа активност ќе се намали произведениот отпад и ќе се задржи чиста животна средина во нашата околина, рече Стојковска.
Иницијативата за одржување на еколошката работилница е на Планинарски спортски клуб „Гола“,, чиј претседател Љупчо Чучуковски истакна дека целта е да се зголеми свеста за чиста животна средина.
 
-Целта е да покренеме една иницијатива пред се институциите, а потоа и фирмите од нашиот град поактивно да се вклучат во активности за селектирање на отпадот. Најпрвин целта ни е да се складира отпад од хартија и пластика, а потоа проектот да заживее и продолжи со складирање на останатите видови на отпад, рече Чучуковски.
Со цел зачувување на чистиот амбиентален воздух од општината го искористија настанот за да ја најават акцијата за пошумување која ќе се реализира на 23 ноември 2019 година. На оваа акција апелираа за масовно учество на сите граѓани, институции и останати организации се со цел борба против загадувањето кое е во подем.

Прва работилница од проектот „Со селекција на отпадот до почиста животна средина“

Прва работилница од проектот „Со селекција на отпадот до почиста животна средина“

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 14 November 2019

Од реализацијата на активноста ,,Селекција на отпад-услов за почиста средина"

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 14 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*